Г. Пјер-Ив Леборњ, пратеник на Французите во... [fr]

Г. Пјер-Ив Леборњ, пратеник на Французите во странство за географската единица Германија и централна и источна Европа, дојде во Македонија од 12 до 14 јуни 2014 година.

По повод на еднонеделната посета на Западен Балкан, г. Пјер-Ив Леборњ, пратеник на Французите што живеат во странство, помина три дена во Скопје со цел да се сретне со француската заедница во Македонија, да оствари контакт со локалното граѓанско општество, со политичарите, како и со претставници на меѓународната заедница.

JPEG

По приемот во Амбасадата на Франција, тој најпрво го посети Парламентарниот институт во Собранието што беше отворен на 28 мај. Потоа, тој се сретна со извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, г-ѓа Уранија Пировска. Во придружба на Н.Е. г-ѓа Лоренс Оер, тие дискутираа за состојбата на медиумите во земјата, за одржувањето на последните претседателски и парламентарни избори и за правата на малцинствата. Г. Леборњ имаше исто така прилика да присуствува на прием на мисијата на ОБСЕ во Скопје за пречек на г-ѓа Астрид Торс, комесар за национални малцинства.
Тој учествуваше на француско-германскиот семинар на наставници по истоија чија цел беше да се охрабри дијалог меѓу македонските и албанските историчари од Македонија и да се разработат предавања за Првата светска војна во земјата. Меѓу другото, тој учествуваше на Комитетот за стратешко планирање на Амбасадата на Франција и на Францускиот институт во Скопје со цел да дебатира со француските и македонските чинители за образовната, културната и економската франкофонија, за врските меѓу Франција и Македонија и како најдобро да се зајакнат истите.
Обврската за сеќавање го одведе на француските гробишта во Скопје каде положи венец за да им оддаде почит на француските војници од Источниот фронт по повод стогодишнината од Првата светска војна. Останатиот дел од неговиот престој во Скопје беше посветен на француската заедница во Македонија пред која имаше свое обраќање во резиденцијата на Франција.

publie le 20/11/2014

hautdepage