Г-ѓа Радмила Шекеринска во посета на Париз [fr] [sq]

Заменичката на Претседателот на Владата и Министерка за Одбрана, г-ѓа Радмила Шекеринска, во средата на 5 јуни престојуваше во посета на Париз, каде што учествуваше на конференција за европската иднина на Западен Балкан во организација на Фондацијата Жан-Жорес.

Во текот на својот престој, г-ѓа Шекеринска оствари средби и разговараше за тековните реформи и за европските перспективи на земјата, со Сенаторката и претседател на групата за соработка Франција-Западен Балкан, г-ѓа Марта де Сидрак, со Сенаторот Арно Базен, задолжен за Северна Македонија, како и со пратениците Бертран Сор и Лилјана Танги, претседател и потпретседателка на интерпарламентарната група за соработка меѓу Франција и Северна Македонија.

publie le 09/06/2019

hautdepage