Гала концерт по повод 25 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Франција и Македонија [fr] [sq]

Амбасадорот, придружуван од аташето за култура, ја посети Македонската опера и балет и оствари средба со г-дин Ќазим Асотиќ, в.д директор на установата во која се сместени неколку постојани ансамбли.

JPEG
На средбата се разговараше пред сè, за организирањето на гала концерт по повод 25 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Франција и Македонија, којшто е предвиден за во понеделник, на 12 јуни 2018 г. со учество на двајца реномирани пејачи, Елена Голомеова, македонски сопран која живее и работи во Ница и баритонот Жак Грег-Белобо кој настапувал во најголемите оперски куќи низ светот.

Господинот Асотиќ ја даде својата целосна поддршка на концертниот проект во рамките на којшто ќе настапат двата познати пејачи со Оркестарот на Македонската опера и балет. Г-дин Асотиќ, исто така, изрази подготвеност да ја зајакне соработката со амбасадата и со францускиот институт во Скопје и да ја отвори својата институција за меѓународни размени. Тој изрази желба да престојува во работна посета на Франција, во контекст на политиката за меѓународна промоција на Македонската опера и балет.

publie le 09/05/2018

hautdepage