Гала во чест на 25-годишни дипломатски односи меѓу Франција и Македонија [fr] [sq]

Во рамките на прославата на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Франција и Македонија, амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, организираат гала концерт во вторник, на 12 јуни во 20 часот во Македонската Опера и Балет (број 4, бул. Гоце Делчев, Скопје).

JPEG
По тој повод, амбасадорот на Франција македонскиот Министер за Надворешни работи, г-дин Никола Димитров ќе имаат пригодни обраќања.

На програмата на вечерта ќе бидат познати арии од француски композитори во изведба на Елена Голомеова, сопран (Франција, Македонија) и Жак-Грег Белобо, бас-баритон (Камерун, Франција).

Симфонискиот оркестар на МОБ ќе ги придружува изведувачите под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Поканата важи за две лица. Ве молиме резервирајте ги вашите билети преку е-пошта: cultureifs@gmail.com. Билетите ќе можете да ги подигнете во Францускиот институт во Скопје.

publie le 20/06/2018

hautdepage