Гласање на Парламентот на 19 октомври 2018 година [fr] [sq]

Франција со задоволство констатира дека гласањето на 19 октомври во Собранието на поранешната југословенска Република Македонија го имаше потребното двотретинско мнозинство, за отпочнување на делот за разгледување на уставните амандмани, наменети за спроведување на Преспанскиот договор, склучен на 17 јуни помеѓу Атина и Скопје.

Франција се надева дека дискусиите во Парламентот ќе доведат до ревизија на Уставот. Како што потсети Претседателот Макрон, Преспанскиот договор е добар за земјата, за регионот и за Европа.

JPEG

publie le 23/10/2018

hautdepage