Го знаете ли овој војник? [fr]

Во рамките на стогодишнината од Првата светска војна, Амбасадата на Франција во Скопје реализираше повеќе проекти поврзани со сеќавањата за Источниот фронт, каде што се бореле десетици илјади војници.

Македонскиот центар за фотографија обезбеди за амбасадата фотографии од познатата збирка „МAНАКИ“ којашто е во одлична состојба. Браќата Манаки се пионери на фотографијата и филмот на Балканот. За време на војната, тие канеле војници да се фотографираат во нивното студио во Битола. Еве некои од нив.
За жал, идентитетот на тие војници останува непознат. Затоа, Амбасадата на Франција во Скопје Ве повикува да ни помогнете во откривање на нивниот идентитет. Можеби Вашиот дедо ќе го препознаете на некоја фотографија.

publie le 16/12/2015

hautdepage