Говор на Госпоѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција, по повод француско-германските комеморации Церемонија на германските гробишта во Прилеп, вторник 11 ноември, 2014 [fr]

Во оваа година на меѓународни комеморации на стогодишнината од Првата светска војна, собрани сме денес, прво во Битола и сега тука во Прилеп, за свечено и заедно да го одбележиме примирјето од 11 ноември 1918 година, со коешто заврши првиот светски конфликт.

Госпоѓо Амбасадор на Сојузна Република Германија,
Господине Министер за одбрана,
Господине Министер,
Господине градоначалник на Прилеп,
Дами и господа пратеници,
Господа претставници на верските заедници,
Екселенции,
Дами и господа,

Во оваа година на меѓународни комеморации на стогодишнината од Првата светска војна, собрани сме денес, прво во Битола и сега тука во Прилеп, за свечено и заедно да го одбележиме примирјето од 11 ноември 1918 година, со коешто заврши првиот светски конфликт.

Насекаде во светот, во Париз во јули, а неодамна и во Ипер, градот маченик од Западниот фронт, во присуство на претставници од 80 земји, заедно го насочуваме погледот кон нашата заедничка историја.

Сто години се грижевме никогаш да не ја заборавиме таа крвава војна. За Франција, за Германија, за народите на Балканот, данокот беше огромен, а цивилното население беше особено погодено. Цели генерации деца сирачиња, вдовици, задушени, инвалиди, обезличени, сотрени градови, опустошени села. А Република Македонија, крвавo боиште, во студенилото и рововите, во 1915 година, како и помеѓу 1916 и 1918.

Во овие гробишта каде почиваат германски, бугарски и руски војници, се свртуваме кон младите генерации, коишто ги претставуваат овде присутните ученици. Тие дојдоа да им оддадат почит на воените и цивилните жртви од сите завојувани земји и така да ја исполнат неопходната должност на сеќавањето.

Во еден несигурен свет, дали ќе можат еден ден им ги пренесат на идните генерации вредностите вткаени во француско-германското помирување, пораката на мирот и пријателството меѓу народите, за да опстои споменот на бескорисното жртвување на голем број млади луѓе.

Тоа е значењето на нашите заеднички церемонии за сеќавање на мртвите, ранетите, исчезнатите и раселените од сите војни, организирани од страна на амбасадите на Германија и на Франција. Ако надминувајќи ги крвавите судири, успеавме да си подадеме рака, тоа го правиме за заеднички да гледаме кон иднината.

Активностите во спомен на Источниот фронт во Република Македонија ги започнаа професорите по историја, музеите, општините, семејствата, помеѓу сите земји, а особено помеѓу Франција и Германија

На паднатите војници им ја искажуваме нашата почит и заедно се поклонуваме пред гробовите во Прилеп. Горда сум што со мојата германска колешка ја пренесуваме оваа порака на помирување, за сите народи.

Ви благодарам.

publie le 12/11/2014

hautdepage