Говорот на омраза против жените во политиката [fr] [sq]

Во рамките на двете недели посветени на борбата против родовото насилство, амбасадорот учествуваше, во средата на 27 ноември, на јавната расправа за говорот на омраза кон жените во политиката. На расправата, организирана од парламентарната комисија за еднакви можности на жените и мажите, присуствуваа пратеници, невладини организации и дипломати.

Говорот на омраза против жените во политиката е еден од многуте притисоци за да се исклучат жените од јавното дејствување. Во овој предизборен контекст, тие принципи заслужуваат повеќе од кога и да е да бидат бранети. Франција, во тој поглед, активно го поддржува усвојувањето на законот за спречување и заштита од дискриминација и се надева дека наскоро ќе биде основана надлежната комисија.

publie le 02/12/2019

hautdepage