Градење на вредносен и безбедносен систем: услов за интеграција во НАТО [fr] [sq]

Во четвртокот на 28 март, амбасадорот учествуваше на дебатата за НАТО насловена: „Градење на вредносен и безбедносен систем: услов за интеграција во НАТО", организиран во Академијата на науките и уметностите, од Академик Владо Камбовски со учество на Заменичката на Претседателот на Владата и Министерка за Одбрана, г-ѓа Радмила Шекеринска и на поранешниот хрватски претседател, г. Иво Јосиповиќ.

Во оваа пригода, амбасадорот потсети на поддршката што ја дава Франција кон пристапувањето на Северна Македонија и ја поздрави дополнителната заложба на властите за учество во мировни активности под покровителство на ЕУ, нагласувајќи ја притоа комплементарноста на овие два пристапи кои ја илустрираат заложбата на земјата за безбедност на континентот и новиот чекор направен благодарение на Договорот од Преспа.

publie le 01/04/2019

hautdepage