Граѓанска безбедност и шумски пожари, посета на здружението на пожарникари-волонтери „Воркинг тугедер [fr]

По повод годишната посета на капетан Лорен Рујон, претседател на здружението „Воркинг тугедер“ (Working Together), госпоѓа Лоренс Оер, Амбасадор на Франција му врачи на господин Кристијан Атанасов, пожарникар од здружението, медал од Француската унијата за цивилна заштита за постигнатата работа, на 24 март 2014 година во Амбасадата на Франција.

JPEG
Средбата беше прилика за пожарникарите од здружението да продискутираат за размената на искуства од активностите што се спроведуваа во Македонија и во Франција во 2013 година, да ги идентификуваат потребите за обуките предвидени за мај 2014 година и да го подготват доаѓањето на македонски пожарникари на посета на инфраструктурите за „граѓанска безбедност“, како и нивното доаѓање на конгресот на Националната федерација на француски пожарникари.

Активностите на „Воркинг тугедер“ овозможуваат да се извезуваат француските вештини во поглед на борбата против напади на лица, на имот и на екосистемот, како пожари, и да се придонесе кон одржување на мрежа на контакти меѓу француските и македонските пожарникари.

publie le 20/02/2015

hautdepage