Грант од Амбасадата на Франција за поддршка на атрактивниот археолошки локалитет Кокино [fr] [sq]

Амбасадата на Франција го поттикнува развојот на туризмот базиран на природата во Северна Македонија. Здружението АБЕР 2015, во соработка со музејот во Куманово, доби грант од нашата амбасада за поддршка на атрактивниот археолошки локалитет Кокино. Пристапноста на праисториската природна опсерваторија сега е подобрена благодарение на новите патоказни и информативни табли на француски и на македонски јазик.

Исто така, благодарение на овој проект, подобрена е веб-страницата www.visitkokino.com и е изработена мобилна апликација за аудио-водење на посетителите.

publie le 27/08/2020

hautdepage