Холокаустот како почетна точка [fr] [sq]

Меморијалот на Холокаустот од Париз и Музејот на Холокаустот во Скопје, во рамките на својата традиционална соработка, го спроведуваат, од 13 до 15 декември 2019 година, третиот дел од обуката насловена „Холокаустот како почетна точка“, наменета за четириесетина професори по историја од Северна Македонија и Грција.

Амбасадорот, на отворањето на обуката, ја истакна важноста од активностите поврзани со историските настани, како и нивното споделување, споменувајќи ја притоа судбината на Евреите по потекло од Монастир / Битола коишто се населиле во Франција. Тој присуствуваше на предавањето на британскиот писател и историчар Кејт Лоу, за последиците од Втората светска војна.

publie le 22/12/2019

hautdepage