Холокаустот како почетна точка: спореди и сподели [fr] [sq]

Во вторникот на 26 март, амбасадорот го отвори едукативниот семинар организиран во соработка со Меморијалот за холокаустот од Париз и со поддршка на германското Министерство за надворешни работи, под наслов „Холокаустот како почетна точка: спореди и сподели".

50 професори по историја од Албанија, Србија и Северна Македонија беа присутни и разговараа за најдобрите начини како да се објаснат и да се пренесат овие историски факти, во време кога дезинформациите и антисемитизмот се шират на социјалните мрежи. Овој семинар на историчари, исто така, е организиран во перспектива за подобро меѓусебно разбирање меѓу историчарите од регионот и да се воспостави заедничка визија, заснована на објективен и фактички пристап што го отвора патот кон вистинското помирување. Амбасадорот го поздрави отворањето на новата изложба во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во март и го истакна значењето што француските власти го придаваат кон борбата против сегашното оживување на антисемитизмот.

publie le 28/03/2019

hautdepage