ИЗЈАВА НА ЖАН-ИВ ЛЕ ДРИАН, МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ [fr] [sq]

Грција / поранешна југословенска Република Македонија - ратификација на Договорот од Преспа од страна на Парламентот на Република Грција (25 јануари 2019 година)

Париз, 25 јануари 2019 година

JPEG

ИЗЈАВА НА ЖАН-ИВ ЛЕ ДРИАН
МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

Грција / поранешна југословенска Република Македонија - ратификација на Договорот од Преспа од страна на Парламентот на Република Грција (25 јануари 2019 година)

Го поздравувам денешното изгласување во Парламентот на Република Грција на законот за ратификација на Договорот од Преспа за името на поранешната југословенска Република Македонија.

Овој суштински политички чекор ќе овозможи наскоро стапување во сила на историскиот договор што ќе стави крај на билатералниот спор стар повеќе од четвртина век.

Сакам да ја поздравам храброста и решеноста што ја покажаа грчките и македонските лидери, особено премиерите Ципрас и Заев.

Договорот од Преспа ќе овозможи развој на односите меѓу двете земји во многу области и ќе ја зајакне стабилноста на регионот на Западен Балкан и на Европа како целина. Дополнително, со поддршка на Франција, Договорот го отвора патот за пристапување на „Република Северна Македонија" во Атлантската алијанса, во согласност со поканата упатена на самитот на НАТО минатиот јули и ќе придонесе за приближување на земјата кон Европа.

publie le 26/01/2019

hautdepage