Интервју на амбасадорите на Франција и Германија за АлфаТВ [fr] [sq]

По повод 57-годишнината од потпишувањето на Елисејскиот Договор и првата годишнина од Договорот од Ахен кој ја зајакнува француско-германската соработка и го олеснува приближувањето меѓу двете земји, амбасадорите на Франција и на Германија заедно одговараа на прашања од телевизијата Алфа во петокот на 24 јануари.

Тие го истакнаа европскиот карактер на француско-германското приближување што е резултат на активностите на двајцата државници, претседателот Шарл де Гол и канцеларот Конрад Аденауер и кое го добива сето свое значење во рамките на она што значи изградба на Унијата денес. Амбасадорите ја потврдија и решеноста на двете држави да ја придружуваат Северна Македонија на патот на нејзината европска интеграција. Погледнете го овде целото интервју на амбасадорите.

publie le 29/01/2020

hautdepage