Интервју на амбасадорот за Фактор [fr] [sq]

Еден ден по неформалниот состанок на лидерите на земјите од Западен Балкан, амбасадорот за порталот "Фактор" зборуваше за позицијата на Франција во врска со европската перспектива на Западен Балкан. "Регионот се наоѓа на крстопат во својата историја, а Франција сака да обезбеди конкретна поддршка во овој клучен момент за да помогне тој да тргне по вистинскиот пат во реални услови", вели тој

JPEG

Како ја коментирате изјавата на претседателот на Р. Франција Емануел Макрон вчера во Берлин во која тој тврди дека земјите од Западен Балкан имаат мала перспектива за брз влез во ЕУ?
Како гледате на овој потег, некои светски медиуми рекоа дека ова е студен туш за земјите од Западен Балкан па и за Северна Македонија
Макрон вели дека е потребна политичка стабилност а дека Париз ќе помага за реформите во повеќе области, но не за процесот за проширување?
Во контекст на Македонија, што значи ова за нашата земја?
Што очекувате вие во јуни?

=====
Европската перспектива на Западен Балкан за којашто Претседателот на Франција Емануел Макрон зборуваше уште во својот говор на Сорбона во септември 2017 година, не е променета. Насоката е јасна, Унијата треба да биде обновена за да овозможи приклучување на нови членки. Се работи за двојна активност долгорочно гледано, која бара одредено време и напор. Градењето околности за кредибилно владеење на правото во земјите кандидатки е неопходен предуслов, којшто оди паралелено со напредокот, како на хартија, така и во пракса. Никогаш не беше кажано, ниту ветено нешто друго од наша страна.

Со оглед на историската тежина, но и од структурален аспект, неопходно е да се поддржат аспирациите на народите во регионот преку соодветна соработка која ќе овозможи подобрувања во областа на администрацијата, правосудството и борбата против криминалот и корупцијата. Франција сака преку соодветна стратегија да ги придружува и интензивира постојните активности со зголемени ресурси. Интервенцијата на Француската агенција за развој, меѓу другото, ќе овозможи да се финансира и имплементира оваа стратегија.

Регионот се наоѓа на крстопат во својата историја, а Франција сака да обезбеди конкретна поддршка во овој клучен момент за да помогне тој да тргне по вистинскиот пат во реални услови.

За Северна Македонија, се надеваме дека примерот што го даде со регионалното помирување, ќе биде проследен со ефективни реформи и сакаме да ѝ ја обезбедиме сета поддршка што земјата ја заслужува.

Што се однесува до изборите, учеството на граѓаните, без оглед на тоа каков ќе биде нивниот избор, за успешни претседателските избори ќе претставува знак дека нивната земја заслужува секаква европска и меѓународна помош за влез во нашата Унија. Овој прв чекор е од голема важност и се надеваме дека ќе биде успешен.

publie le 02/05/2019

hautdepage