Интервју на амбасадорот за Слободан Печат [fr] [sq]

За дневниот весник Слободан Печат, амбасадорот разговараше со новинарот Љубиша Николовски, околу неодамнешната годишна средба на француските амбасадори во Париз.

Конкретно, тој ги цитираше зборовите на Претседателот Макрон до своите дипломатски претставници:

„Кога зборуваме за Европа, ќе побарам од Вас географски повторно да бидеме поприсутни во Западен Балкан. Во јули ја посетив Србија, заедно со неколкумина од Вас. Мислам дека претходната претседателска посета беше во 2001 година. Неверојатно! Кога гледам колку вложуваме, на пример, во областа на културата, колку вложуваме во јавниот сектор, далеку помалку отколку во некои држави кои не се толку стратешки значајни и географски ни се подалечни, додека тука толку многу се очекува од нас. Да се има европска стратегија, значи исто така да се имаат на ум границите на Европа. Во нашето опкружување, нашите соседи и кај државите кои дури длабоко и искрено нè сакаат, таму ќе треба повторно да вложуваме за да не дозволиме неевропски сили да ја диктираат играта наместо нас. Во спротивно, за Западниот Балкан ќе одлучуваат САД, Русија и Турција. Како и Германија, која има поефикасно и постратешко размислување од нас. Сакам да можеме да ги прераспределиме ресурсите и да бидеме поефикасни на овој план.” 👉bit.ly/2k0fMPq

publie le 10/09/2019

hautdepage