Интервју на амбасадорот за весникот Вечер [fr] [sq]

Весникот „Вечер” побара од амбасадорот да каже што мисли за европската перспектива на Северна Македонија.

Француската министерка задолжена за европски прашања Натали Лоазо за време на посетата на земјава изјави дека на Европската Унија и е потребно да спроведе внатрешни реформи пред да може да прими нови членки, со што најави дека Македонија и Албанија може да останат без препораката за отворање на преговори за членство која ја очекуваат летово. Таа порача дека тоа што Македонија си го сменила името е позитивен развој на настаните кој Франција го поздравува, но не е доволно за отворање на преговорите со ЕУ.

Вакви пораки на отпор кон проширувањето од Франција и Холандија пристигнаа вчера и од работниот појадок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија во Брисел.

Има ли, или нема земјава како Северна Македонија зелено светло од Франција за влез во ЕУ?

JPEG

Зачуден сум од извртувањето на изјавите што ги даде нашата министерка за европски работи, госпоѓа Натали Лоазо за време на нејзината посета на Скопје, за што попрво би кажал дека е дезинформација.

Отворањето на преговорите и конечното членство се две различни реалности. Францускиот став е дека приемот на нови членки може да се случи, поради голем број причини, само во рамките на обновена и функционална Унија. Ова, исто така, подразбира успешен процес на пристапување кој, по евентуалното отворање на преговорите, може да трае неколку години. Министерката потсети дека земјите-членки, како што беше договорено на Советот во јуни 2018 година, ќе го чекаат извештајот на Комисијата во врска со реформите во областа на судството, тајните служби, јавната администрација и борбата против корупцијата. Повеќето закони од овие области сè уште се во Собранието. Договорот од Преспа беше поздравен од страна на француските власти бидејќи овозможи да се отстрани една значајна пречка од страна на една земја-членка, но тој не влегува во оценувањето на условите што треба да се исполнат за отворање на преговорите.

PNG

Од своја страна, Франција им стави на располагање на македонските власти експерт за да им помогне во сегашниот процес. Првиот семинар, со поддршка на француската влада, се одржа во јануари, а ќе следат уште три други до месец јуни оваа година. Ние сме оптимисти за европскиот пат на Северна Македонија, но внимателни во врска со конкретните аспекти.

Советот на министри на ЕУ, што значи и Франција, денес го усвои својот став во врска со инструментот за претпристапна помош за периодот 2021 - 2027 година. Северна Македонија ќе има корист од сите овие инструменти за да си го олесни својот пат кон Европа.

За останатото, треба да се внимава како се пренесуваат пред јавноста доверливи информации искажани после појадок, за теми кои заслужуваат повеќе од само шпекулации.
Одлуките и оценките на земјите-членки ќе се знаат на Советот во јуни врз основа на горенаведениот извештај.

JPEG

publie le 21/03/2019

hautdepage