Интервју на сенаторот Оливие Кадик за телевизијата „Канал 5” [fr] [sq]

Сенаторот Оливие Кадик (од францускиот Сојуз на демократи и независни), претставник за француските државјани кои живеат надвор од Франција, пред да го заврши својот престој во Скопје даде интервју во саботата, на 8 септември за телевизијата „Канал 5”. Во него, тој зборува за регионалната соработка, за односите помеѓу Франција и Македонија и за перспективите за интеграција во ЕУ.

Сенаторот изрази цврста надеж за рационално и позитивно гласање на референдумот на 30 септември, што е услов за Македонија да направи решавачки исчекор на својот европски пат. Еве ги неговите впечатоци, изворни и силни, што тој ќе ги понесе од Скопје.

publie le 10/09/2018

hautdepage