Интервју за "Фокус" на Жан-Пол Диспан, полициски командант [fr] [sq]

Во своето интервју за "Фокус", полицискиот командант Жан-Пол Дипан се осврнува на борбата против хулиганството, како и на обуката што ја одржа за интервенција наменета за припадниците на македонската полиција.

Тетовското насилство на навивачите немаше да се случи во Франција, полицијата не реагирала соодветно!

ИНТЕРВЈУ
Жан Пол Диспан, полициски командант, од јуни 2012 година е помошник на раководителот на Одделот на Националната единица за борба против хулиганизам. Единицата е задолжена за специфични настани. Се работи за хулиганизмот на спортските натпревари и единицата се распоредува таму каде што треба да се интервенира. Постои повеќе од 10 години и денес е составен дел на централната служба за јавна безбедност на Франција. Г. Диспан престојуваше во Македонија каде што одржуваше обука на македонските полицајци за справување со насилство на спортски натпревари

Разговараше: Јорданчо ЦВЕТАНОСКИ

ФОКУС: Пред десетина дена во Македонија имаше дивеење на навивачките групи во Тетово. Каков е вашиот став во однос на тоа дали македонската полиција интервенирала соодветно?

ДИСПАН: За настанот дознав додека бев тука на обуката. Тоа што се случило во Тетово, може да се случи и во други земји. Може да се случат такви работи, тоа е еanуфорија и се менува суштината на она што се прославува. Ако од едната страна албанската заедница го предизвикала настанот, тогаш македонската заедница ги трпела последиците. Но, тоа може да биде и спротивно. Лошото во сето тоа, во суштина, е што еден таков настан излегува од контрола и средствата се користат за други цели. Кога се случило тоа, локалната полиција не реагирала соодветно и затоа ги трпите последиците. Но, факт е дека немало соодветна реакција. Не треба да се банализира настанот, но и не треба драма да правиме од него. Треба да се биде одмерен во интервенцијата. Дијалогот мора да се воспостави, но без да се покаже слабост доколку некој треба да се приведе или да се интервенира.

ФОКУС: Честопати на спортските натпревари во Македонија се случуваат инциденти. Дали, според Вас, македонската полиција е доволно подготвена да се справи со такви проблеми?

ДИСПАН: За тешкотиите што можат да дојдат од едната и од другата страна, првата реакција би била ,дали сме свесни за тоа што се случува за да можеме да реагираме“. Македонската полиција е подготвена, бидејќи е свесна за тоа што се случило и бара начин како да се справи со настанот. Македонската полиција секојдневно покажува дека е способна да се грижи за безбедноста на граѓаните. Разговарав со колеги Македонци и ми оставија навистина силен впечаток дека се големи професионалци. Дискутиравме што можеме конкретно да направиме за да се одбегне такво нешто во иднина. Она што можеме да направиме, е да превенираме слични настани. За ризичните натпревари знаеме однапред и затоа можеме да планираме. Затоа што сите навивачки групи се поврзани со некои политички партии или, пак, на етнички план. Затоа претходно ќе претпоставиме дека во едно место каде што живеат албанска и македонска заедница, може да има несоодветни реакции. Тука, со помош на разузнавачки информации, ќе се види дали расположението на навивачката група е навистина такво. Ние според тие информации сме подготвени да превенираме насилства, затоа што ние веќе сме таму и навивачките групи не можат да применат насилство.

ФОКУС: Како треба да се постапува со вакви групи? Како француската полиција ќе реагираше во ваков случај?

ДИСПАН: Многу е важно да се биде во постојан контакт со тие групи. За да знаеме како тие дишат. Не треба се обвинува некој ако не реагирал. Треба да се оди во фина насока, на фин начин да успееме да ги надмудриме навивачите. Такво нешто немаше да се случи во Франција, затоа што ќе го спречевме. Во најдобар случај, ќе се избегнеа проблемите. Ќе ги ограничевме последиците и

Кога се случило тоа, локалната полиција не реагирала соодветно и затоа ги трпите последиците. Но, факт е дека немало соодветна реакција. Не треба да се банализира настанот, но и не треба драма да правиме од него
ќе имавме распоредено единици на теренот. Ќе го немаше тој период на чекање додека не стигне полицијата. Ние веќе ќе бевме таму. Но, не сме роботи и не може се секогаш да биде спречено. Некогаш нешто може да ни излезе од контрола. Не треба да се заборави дека, благодарение на таквите грешки, ние напредуваме.

ФОКУС: Но, полициските сили не секогаш можат да ја држат ситуацијата под контрола. Што кога службите ќе ги испуштат конците?

ДИСПАН: Ако се случи такво нешто, тогаш ние соодветно реагираме. Бидејќи прва задача на полицијата е да ја осигури безбедноста на граѓаните. Каква и да е причината, штом има неред, полицијата е тука за да го воспостави повторно редот. Доколку констатираме дека има такви дејствија што ги спроведуваат насилниците, а доколку делото е казниво, тие веднаш се приведуваат. Се бара да се воспостави одговорност од двете страни. Постапуваме според законот.

ФОКУС: Македонија веќе подолго време е во политичка криза. Колку таа може да влијае врз спортските настани во државава?

ДИСПАН: Јас не ја познавам добро политичката состојба во Македонија, но таа може да влијае врз луѓето. Кај нас има групи кои знаеме дека се левоориентирани или десноориентирани. Тогаш се работи дури и за идеологија и таа може да влијае врз нивното однесување.

ФОКУС: Како се справувате со проблематичните навивачи во Франција? Имате ли посебен механизам за нивна едукација, со цел да се избегнуваат проблеми?

ДИСПАН: Моментот кога е потребна едукација на навивачките групи с третата етапа. Претходно, постојат две други етапи. Првата етапа е да ги доведеме во контакт едните навивачи со другите, бидејќи тие по дефиниција се раздвоени. Многу амбициозно е да се едуцираат навивачи. Тоа е дури и невозможно. Ние имаме систем во Франција, кој е воведен пред две години. Имаме по еден референт кој е во групата навивачи. Тој е задолжен да комуницира и со другите, но и со полицијата. Тој е приврзаник на клубот, или е доброволец или го плаќаат за сето тоа, да соработува со федерацијата, со полицијата и со навивачката група. Според законот, постои институција што се вика .Државна институција за навивачки групи“. Таа е приклучена кон Министерството за спорт и министерот за спорт е нејзин претседател. Ние како МВР сме дел од таа институција,
има претставници од правда, од Собранието, од здруженијата на навивачите. Тука се среќаваме повремено, разговараме на теми кои ги интересираат навивачите. Тоа ни е всушност идејата да се воспостави дијалог со навивачките групи. Во тој момент има различни светови. Ние се обидуваме да им ставиме до знаење и на двете групи, дека постојат различни мислења, ставови.

ФОКУС: Каква е вашата порака кон „Балистите“ и „Војводите“?

ДИСПАН: Не можеме луѓето да ги натераме на сила да разговараат и да комуницираат. Треба да се обидеме преку клубот да дојдеме до нив. Ние можеме да дејствуваме во заднина.

publie le 25/11/2018

hautdepage