Амбасадорот се обрати на промоцијата на книгата „Избледена надеж“ на авторката Делвина Керлуку во понеделникот на 2 декември во Националната галерија на Северна Македонија, во присуство на косовскиот амбасадор, на професори, голем број интелектуалци и многубројна публика, кои беа присутни покрај професорите Кристина Николовска и Демуш Бајрами, како и пијанистката Ариана Куриу-Груби.
"Ѝ честитам на авторката, Делвина Керлуку, како посветена писателка, за нејзините кратки, но експресивни текстови и нејзините јасни и прецизни пораки, кои го откриваат она сериозно страдање и неволја кај нашите општества - бедата, тема што особено детално ја обработил Виктор Иго во „Клетници“. Овие портрети нè охрабруваат да размислуваме за нееднаквостите и за корупцијата, како рак-рана што мора да се надмине за земјите од Западен Балкан сосема да се вклучат во изградбата на Европа“.