Изјава на Амбасадорот на Франција, Бернард Валеро [sq]

Го поздравувам со големо задоволство доброто одвивање на вториот круг од претседателските и локални избори одржани на 5 април кој ги потврди задоволителните услови во кои се одви гласањето на 22 март:
Овој позитивен резултат, во прво место за демократијата и граѓаните:
-  ја поткрепува европската вокација и зајакнува одот кон Европската Унија,
-  ја истакнува приврзаноста на популацијата и политичарите кон демократските вредности кои ги споделуваме и кои не приближуваат,
-  и на крај претставува едно ново и добредојдено сведоштво на зацврстувањето на демократијата во регионот.

По овој демократски праг поминат со успех, преостанува продолжување и интенсификација на напорите за европските реформи кои треба да се довршат. Во новата етапа која се отвара, Франција ќе ја задржи својата позиција на охрабрување, поддршка и потпора на превземените напори во оваа насока.

publie le 07/04/2012

hautdepage