Изјава на г. Жан-Ив Ле Дриан, Министер за Европа и Надворешни работи [fr] [sq]

„Франција ја потврдува својата непоколеблива поддршка кон Меѓународниот кривичен суд и неговиот персонал, како и кон независноста на судството. Таа ги повикува Соединетите Американски Држави да ги повлечат најавените мерки“

ИЗЈАВА НА Г. ЖАН-ИВ ЛЕ ДРИАН, МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

МЕЃУНАРОДЕН КРИВИЧЕН СУД - ОБЈАВА НА ПОЕДИНЕЧНИ САНКЦИИ ОД СТРАНА НА СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ
3 септември 2020 година

JPEG

Се информирав за најавата, на 2 септември 2020 година, од страна на американските власти за индивидуални санкции коишто се однесуваат на обвинителката на Меѓународниот кривичен суд, г-ѓа Фату Бансуда и на раководителот на одделот за надлежност, комплементарност и соработка, г. Факисо Мочочоко.

На 12 јуни 2020 година ја искажав својата длабока разочараност од усвојувањето од страна на Владата на Соединетите Американски Држави на извршниот акт од 11 јуни 2020 година, кој служи како основа за усвојување на овие индивидуални санкции.

Мерките објавени на 2 септември претставуваат сериозен напад против Судот и државите-потписнички на Римскиот статут и надвор од тоа, ги оспоруваат мултилатерализмот и независноста на судството.

Франција ја потврдува својата непоколеблива поддршка кон Меѓународниот кривичен суд и неговиот персонал, како и кон независноста на судството.

Таа ги повикува Соединетите Американски Држави да ги повлечат најавените мерки.

Франција ќе продолжи активно да работи за Судот да биде во можност да ја исполнува својата мисија независно и непристрасно, во согласност со Римскиот статут.

publie le 04/09/2020

hautdepage