Изјава на госпоѓата Ањес Фон Дер Мил, портпарол на Министерството за Европа и за Надворешни работи на Франција [fr] [sq]

Франција го поздравува конечното гласање на уставните амандмани на 11 јануари од страна на Собранието на Поранешната Југословенска Република Македонија, кое е предвидено во Преспанскиот договор кој беше потпишан на 17 јуни 2018г. помеѓу оваа земја и Грција.

Станува збор за значајна етапа за влегувањето во сила на овој историски договор кој треба да стави крај на четвртвековниот билатерален спор.

Како што наведе и Претседателот на Француската Република, договорот е добар за земјата, за регионот и за Европа.

Франција сега посакува и грчкото Собрание набрзо да го ратификува Договорот.

publie le 14/01/2019

hautdepage