Изложба на креациите на студентите од Меѓународниот институт за мода "Изет Цури" [fr] [sq]

Во средата, на 27 јуни, амбасадорот учествуваше на отворањето на годишната изложба на креациите на студентите од Меѓународниот институт за мода "Изет Цури" во Националната галерија на Македонија "Даут Пашин Амам".

Тој ја изрази својата голема благодарност за работата на Институтот и кон нејзиниот директор, г-дин Изет Цури, кој ги шири вредностите на француската мода од Скопје низ целиот регион, со цел да обезбеди за македонската текстилна индустрија создавање на оригинални модели. Изложбата беше отворена од министрите за Образование и Наука, г-дин Арбер Адеми и Култура, г-дин Асаф Адеми, како и од градоначалникот на Чаир, г. Висар Ганиу. Оваа година, изложбата беше инспирирана од еден од најголемите модни креатори на дваесеттиот век, парискиот дизајнер Азедин Алаја. Во оваа пригода, Францускиот институт во Скопје им додели престој во Париз на три особено талентирани студенти.

publie le 03/07/2018

hautdepage