Израел - Палестински територии - Изјава на Жан-Ив Ле Дриан, министер за Европа и надворешни работи (14.05.18 год) [fr] [sq]

Додека тензиите на теренот опстојуваат, имајќи ги во предвид сериозните инциденти во појасот Газа во последните неколку недели, Франција ги повика сите страни да се однесуваат одговорно за да се спречи нова ескалација.

PNG
По неколку недели насилство, како и зголемување на бројот на палестински жртви во појасот Газа и денес, Франција повторно ги повикува израелските власти да покажат промисленост и воздржаност во употребата на сила која треба да биде строго пропорционална. Франција потсетува на обврската да се заштитат цивилите, особено малолетните лица, како и на правото на Палестинците на мирни демонстрации.

Итно е потребно повторно да се создадат услови за изнаоѓање на политичко решение, во регионален контекст, каде што веќе се бележат големи тензии.

Франција не ја одобрува одлуката на САД за трансфер на Американската амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим, како што кажа претседателот Макрон во неколку наврати. Оваа одлука е во спротивност со меѓународното право, а особено со резолуциите на Советот за безбедност и Генералното собрание на ООН.

Меѓународното право е недвосмислено јасно во поглед на статусот на Ерусалим. Тој мора да се одреди преку преговори, вклучувајќи ги сите меѓународно договорени елементи, со цел да се постигне праведно и трајно решение за двете држави да живеат во мир и безбедност една покрај друга, со Ерусалим како главен град. Така вели правото и во тоа е значењето на нашите напори за мир на Блискиот Исток.

publie le 16/05/2018

hautdepage