Изучување на францускиот јазик во училиштата [fr] [sq]

Во рамките на поддршката за развојот на Франкофонијата во Тетово, каде што постои Француска Алијанса, амбасадорот го посети овој град на 7 и 8 февруари.

Во таа пригода, тој се сретна со градоначалничката г-ѓа Теута Арифи, како и со локалните функционери на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Амбасадорот, заедно со г-ѓа Арифи и Шарлен Жув, директорка на Француската алијанса во Тетово, го посетија училиштето "Лирија", како и гимназијата "Кирил Пејчиновиќ" каде што имаа можност да присуствуваат на час по историја во двојазичната франкофонска паралелка на оваа установа. Амбасадорот го посети и средното училиште "7 Март", чијашто директорка, г-ѓа Миќереме Ризаи, изрази интерес за францускиот јазик и желба да ја зајакне наставата по француски јазик во ова средно училиште, во соработка со Амбасадата, Институтот и Алијансата.
Видеото на “ТВ Коха - Тетово“ е на овој линк : bit.ly/2GZmig2

publie le 14/02/2018

hautdepage