Јакнење на родовата еднаквост [fr] [sq]

Во среда на 15 јануари, аташето за соработка при амбасадата на Франција присуствуваше на јавната расправа организирана од Собраниската комисија за еднакви можности на жените и мажите, во рамките на политиките за јакнење на родовата еднаквост. Неколку предлози произлегоа од граѓанското општество, а беше усвоен и Предлог-планот за унапредување на родовата сензитивност на Собранието, изработен со поддршка на ОБСЕ.

Седницата на Комисијата одеше во прилог на консолидација на законот за паритетни квоти. Франција го поддржува напредокот на македонскиот парламент кога се зема во предвид полот при собраниските активности, со примери коишто се и симболични и конкретни, а со цел борба против дискриминацијата. Еднаквоста меѓу жените и мажите е еден од приоритетите на француската Влада и таа го поддржува ваквиот проактивен пристап. Во оваа насока, амбасадата и Француската агенција за развој ќе работат на теренски проекти во 2020 година.

publie le 22/01/2020

hautdepage