Јубилејот 40 години на Универзитетот "Свети Климент Охридски" [fr] [sq]

Амбасадорот, придружуван од нашиот почесен конзул, г-ѓа Калиопа Кривашија Стилиновиќ, присуствуваше на 25 април во Битола на свечената академија по повод јубилејот 40 години Универзитет Свети Климент Охридски.

Во таа пригода, тој му честиташе на ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски за јубилејот на оваа институција којашто соработува со неколку француски универзитети, особено во рамките на европските програми. Вечерта заврши со ретроспективна изложба и концерт на виртуозот на гитара, Влатко Стефановски.

publie le 10/05/2019

hautdepage