Пристигнувања од Северна Македонија [fr] [sq]

Ве молиме имајте во предвид: од 29 август 2021 година на полноќ, Северна Македонија е ставена на портокаловата листа.

Ако сте вакцинирани: може да заминете во Франција без ограничувања поврзани со здравствената состојба.

Во таа рамка се прифаќаат само вакцини прифатени од Европската агенција за лекови (ЕМА): Pfizer (Comirnaty), Moderna, AstraZeneca (Vaxzevria) и Johnson & Johnson (Janssen), како и вакцината AstraZeneca (Covishield).

Мерките што се применуваат за вакцинираните возрасни лица се прошируваат под истите услови и за малолетните лица што ги придружуваат, без разлика дали се вакцинирани или не. Затоа, може да патувате со вашите малолетни деца, без разлика дали се вакцинирани или не, без изолација. За невакцинираните малолетни лица, на возраст од дванаесет години и повеќе, и понатаму важи обврската да поседуваат PCR или антиген тест под условите наведени подолу.

Документи за патување доколку сте вакцинирани:
• доказ за вакцинација. Ова ќе важи само под услов доколку е помината комплетната предвидена шема за вакцинација, имено:

• 7 дена по втората вакцина при двојна доза (Pfizer, Moderna, AstraZeneca (Vaxevria и Covishield));
• 4 недели по вакцинирањето предвидено со една доза (Johnson & Johnson);
• 7 дена по вакцинирањето кај лица со историја на Ковид-19 (потребна е само 1 доза).
• морална изјава, која може да се преземе од веб-страницата на Министерството за внатрешни работи, со којашто се потврдува:
дека немате симптоми на инфекција „Ковид-19“;
дека, не сте биле во контакт со ваше знаење со потврден случај на Ковид-19 во последните 14 дена пред вашето патување;

Ако не сте вакцинирани: може да патувате во Франција [само ако имате апсолутно значајна причина за тоа:

PDF - 147.1 ko
Motifs impérieux - Pays de la liste "orange"
(PDF - 147.1 ko)

.

Секој патник на возраст од 12 години и повеќе мора да приложи, пред заминување, негативен резултат од ПЦР тест извршен помалку од 72 часа пред летот или антиген тест извршен помалку од 48 часа пред летот. Ако пристигнувате од Обединетото Кралство, тестот за PCR или антиген треба да се направи помалку од 24 часа пред заминување.
Ако претходно сте се заразиле со „Ковид“, исто така е можно, наместо негативен резултат од тестот, да покажете сертификат за опоравување стар повеќе од единаесет дена, а помалку од шест месеци. Сертификат за опоравување е документ издаден на лице кое било заразено со Ковид-19 по добивање на позитивен резултат од тест за скрининг RT-PCR или антиген тест.

Може да бидете тестирани по случаен избор кога ќе пристигнете во Франција.
Ќе треба да се согласите да заминете во 7-дневна самоизолација.
Во сите случаи важат вообичаените ограничувања при патување (виза, должина на престој, итн.).
Без оглед на местото од каде што доаѓате, ако покажете симптоми на КОВИД-19 при пристигнувањето во Франција, префектот ќе ви одреди карантин, или сместување и останување во изолација.

publie le 15/09/2021

hautdepage