Кавадарци подготвува „еден рецепт за локална демократија" [fr] [sq]

Амбасадорот учествуваше во понеделник, на 26 ноември на работилницата „Рецепт за локална демократија" во организација на општина Кавадарци и здружението "Чекор кон Европа", во присуство на градоначалникот Митко Јанчев (ВМРО-ДПМНЕ).

Средбата беше можност да се разговара за иницијативите и искуствата со цел граѓаните да бидат во центарот на демократскиот процес и да се овозможи редовна и ефикасна соработка помеѓу општинската администрација, избраните претставници и граѓанскиот сектор. Амбасадорот разговараше за актуелната политичка состојба и билатералната соработка со градоначалникот Јанчев, како и со г. Горан Тодоров, претседател на општинската организација на СДСМ и општински советник од опозицијата. Тој изрази поддршка за прагматичниот и конструктивен пристап на именуваните и избраните претставници, што е услов за напредок на земјата кон европската интеграција.

publie le 27/11/2018

hautdepage