„Клучевите на Преспа - Актерот на Европа “ [fr] [sq]

Господинот Јордан Плевнеш, ректор на Универзитетот „Еуропа Прима“ - Скопје и организатор на фестивалот „Актерот на Европа“ и господинот Живко Гошаревски, градоначалник на Ресен, градот што секоја година е домаќин на овој фестивал, му ја доделија на Амбасадорот на Франција наградата „Клучевите на Преспа - Актерот на Европа “. Наградата му се доделува во знак на признание за неговите активности во полза на Северна Македонија и нејзиното наследство, особено за црквата во Курбиново, во регионот на Преспанското Езеро.

Средбата беше можност да се разговара за проектите за унапредување на овој споменик поддржан од Амбасадата на Франција, како и за активностите неопходни за зачувување на езерото и неговиот екосистем во соработка со ЕУ и со поддршка од Француската агенција за развој, која веќе е присутна преку поддршка на активности за еколошка заштита. Преспа е предодредена да биде симбол на помирувањето и комуникацијата помеѓу трите крајбрежни земји и Европската унија.

publie le 14/09/2020

hautdepage