„Клучевите на Преспа“ во Фестивалот „Актерот на Европа“ [fr] [sq]

Фестивалот „Актерот на Европа“ што го организира Меѓународниот универзитет „Европа Прима“ во градот Ресен, годинава ја додели наградата „Клучевите на Преспа“ на Амбасадорот на Франција во Северна Македонија, за неговиот придонес кон односите помеѓу двете земји. Овој фестивал, што се одржува на бреговите на Преспанското Езеро, претставува врска помеѓу трите крајбрежни земји и место за средба со европската култура.

За време на своето осумнаесетгодишно постоење, на овој фестивал под покровителство на писателот Жак Лакариер, земале учество голем број театарски работници од регионот, од Франција и од други европски земји. Амбасадорот упати порака со благодарност до ректорот на Универзитетот „Европа Прима“, до гостите и до публиката на фестивалот.

publie le 27/08/2020

hautdepage