Комеморативна церемонија за одбележување на геноцидот врз Ромите за време на Втората светска војна [fr] [sq]

Во саботата на 1 август, амбасадорот, придружуван од првиот советник, присуствуваше на комеморативната церемонија за одбележување на геноцидот врз Ромите за време на Втората светска војна, организиран од Националниот ромски центар (НРЦ) од Куманово.

Новоизбраната пратеничка Латифа Шиковска ја истакна важноста од институционално признавање на овој настан. Комеморацијата заврши со минута молчење, а присутните симболично фрлија цвеќе во водите на Вардар.

publie le 06/08/2020

hautdepage