Комеморативни церемонии за Првата светска војна на воените гробишта во Битола и во Прилеп [fr]

JPEG

Француско-германските комеморативни церемонии по повод Примирјето од Првата светска војна се одржаа на Француските воени гробишта во Битола и на Германските воени гробишта во Прилеп. На овие церемонии се потсетивме на технолошките ужаси од Првата светска војна и значењето на борбите на Источниот фронт.

Амбасадорката Оер во својот говор особено ги истакна човечките загуби и бројните физички и морални рани предизвикани од војната:
"Источниот фронт оставил неподносливи рани и кај едните и кај другите, барајќи од неговите борци напори што се граничат со способностите на човечкото битие."

JPEG
За да се избегне ризикот од нов конфликт, амбасадорката Алтхаузер ја потврди потребата да се обезбеди и да се одржи француско-германското пријателство заеднички градејќи ја Европа.

publie le 10/11/2015

hautdepage