Комитет за стратешко ориентирање меѓу Македонија и Долна-Нормандија [fr]

JPEG
Делегација од регионот Долна Нормандија, предводена од директорот за европски прашања и меѓународни односи, г. Александар Фоло, го спроведе завршниот Управен одбор за тригодишната програма 2011-2013 година во Скопје, а потоа и Комитетот за стратешко планирање за отпочнување на новата тригодишна програма, на 5 и 6 ноември.

Започнувањето на новото триенале се случи во присуство на министерот за локална самоуправа, г.Тахир Хани и амбасадорот на Франција, г-ѓа Лоренс Оер. Проектите ќе се спроведуваат благодарение на финансирањето од Министерството за надворешни работи и регионот Долна Нормандија во висина од повеќе од еден милион евра за три години.

Новиот тригодишен договор воведува нова процедура со годишни повици за проекти на разни теми. Приоритетите се: регионален развој, европска интеграција и поддршка за граѓанското општество, како и заштита на човековите права.

Првиот повик за проекти беше отворен на 17 септември и испратен до многу локални институции и невладини партнери.

Соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија беше започната во 2006 година како регионална соработка меѓу здруженија и траеше до 2013 година, а потоа во 2012 година беше продолжена за четири години. Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) беше назначена од регионот како координатор со локална канцеларија.

Денес, во програмата за соработка се вклучени 60 партнери од Долна Нормандија и Македонија, здруженија, единици на локална самоуправа, училишни и културни установи кои работат на седум оски (информатичко-комуникациски технологии, млади и граѓанство, попис на културно наследство, културни политики, туризам, земјоделство и човекови права) дефинирани во согласност со националните и локалните приоритети. Покрај тоа, постојат осум активни збратимувања меѓу општините од Долна Нормандија и Македонија, како и трансверзална оска на институционална поддршка за регионализација.
Линк кон сајтот на соработката меѓу Македонија и Долна-Нормандија:
http://www.bn-mk.org/
Информации за повикот за проекти :
http://www.bn-mk.org/fr/content/app...
Сајт на АЛДА :
http://www.alda-europe.eu/newSite/

publie le 20/02/2015

hautdepage