Кон нови соработки со Дојран и Валандово [fr] [sq]

Во среда, на 24 октомври, амбасадорот оствари средби со градоначалниците на општините Дојран г-дин Анго Ангов (СДСМ) и Валандово, г-дин Перо Костадинов (СДСМ).

На овие средби се разговараше за можностите за соработка на амбасадата со двете општини во областа на туризмот, особено меморијалниот туризам во Дојран, со неговото езеро и линијата на Фронтот од Првата светска војна, но и преку претстојното отворање на музејот посветен на борбите во регионот, во коишто француските војници учествувале во септември 1918 година при пробивот на македонскиот фронт; потоа, во областа на образованието и културата во Валандово, каде што градоначалникот планира да организира фестивал на францускиот јазик и да го збратими Валандово со француска општина. На покана на градоначалникот, едно одделение од ОУ „Страшо Пинџур" од Јосифово (Валандово), на прекрасен начин ја изведе песната "Пишуваме по ѕидовите" од Kids Junited.

Исто така, амбасадорот во Валандово присуствуваше на претставувањето на француската двојазична паралелка во гимназијата "Гоце Делчев", следеше час по физика на француски јазик, а присуствуваше и на изведба на современи француски песни и рецитирање француски поеми. Тој ги охрабри учениците да ги искористат предностите на образовни ресурси на Франкофонијата, особено низ активности во организација на Францускиот институт и преку владини стипендии.

Во селото Долно Каласлари, Велешко, амбасадорот оддаде почит пред Споменикот поставен во близина на старата џамија во спомен на муслиманските војници кои загинале за време на офанзивата во 1918 година.

publie le 26/10/2018

hautdepage