Кон нови соработки во областа на екологијата [fr] [sq]

Во понеделникот, на 4 февруари амбасадорот ја посети НВО „ЕКО-Герила“ во Тетово и оствари средба со нејзиниот претседател, г. Аријанит Џафери, како и со г. Гзим Ќахили и г. Весел Ќазими.

На средбата се разговараше за предизвиците поврзани со животната средина, особено за градот Тетово и за пристапите и можните решенија за подобрување на квалитетот на воздухот и на водата.
Амбасадорот ја забележа желбата за подобро согледување на вистинскиот еколошки напредок во процесот на европска интеграција на земјата. Беа споменати неколку можности за соработка, особено во контекст на најавениот влез на Француската агенција за развој (АФД) во регионот.

publie le 07/02/2019

hautdepage