Концерт на македонски музичарки во Американската катедрала во Париз [fr] [sq]

Како дел од неделниот музички репертоар на Американската катедрала во Париз, попладневните часови на 2 септември со почеток во 15:00 се резервирани за концертот на виолинистката Ева Богоевска и пијанистката Весна Ангелова Христов

На програмата ќе бидат Бетовеновата соната за виолина и пијано бр.5, Oп.24 (пролет), Волфганг Амадеус Моцарт соната за виолина KВ 301, во Г-дур и Камиј Сен-Санс, Интродукција и Рондо Капричиозо Oп. 28.

Лауреат од прв степен на Меѓународниот фестивал за класична музика во Санкт Петербург (2014), Гран-при на Интернационалниот фестивал за класична уметност и култура во Ерусалим (2016) и прва награда на Интернационалниот натпревар за класична музика во Њујорк, Ева Богоевска е член на оркестарот на "FAME’S Project" од Скопје, каде што од 2017 година снима музика за филм. Македонската пијанистка Весна Ангелова Христов, член на Македонската филхармонија, зад себе има голем број настапи во Франција, Бугарија, Турција , Чешка и Србија.

publie le 10/09/2018

hautdepage