Конференција на Универзитетот во Битола: "Европската унија во 2018: нови перспективи" [fr] [sq]

На 4 мај се одржа конференција на тема "Европската унија во 2018: нови перспективи" на Правниот факултет при Универзитетот во Битола.

Во петок, 4 мај, на покана на почесниот конзул на Франција во Битола, г-ѓа Калиопа Кривашија-Стилиновиќ и во присуство на директорката на Француската алијанса, г-ѓа Каролин Потел-Златевска, Франсоа Лафон, експерт на француската Агенција за меѓународна техничка експертиза и советник во кабинетот на Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, г-дин Бујар Османи, одржа предавање на Правниот факултет при Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола на тема "Европската унија во 2018: нови перспективи".

Господинот Франсоа Лафон зборуваше за главните прашања кои ја условуваат сегашната еволуција на Европската унија. Сегашната и идна координативна улога на Владиниот Секретаријат за европски прашања, исто така беше објаснета низ призмата на обновената европска перспектива на земјата.

publie le 11/05/2018

hautdepage