Конференција за активностите на Државното правобранителство [fr] [sq]

На 17 април, амбасадорот заедно со државниот правобранител г. Фехми Стафа ја отвори конференцијата организирана од Институтот за правно-економски истражувања и едукација „Јуридика Прима", во врска со активностите на Државното правобранителство.

Во оваа прилика, амбасадорот ја повтори важноста од забрзување на решавањето на имотните спорови и унапредување, и покрај сите притисоци, на владеењето на правото против неоправданите, дури и на криминален начин стекнати интереси, што е приоритет на патот кон европската интеграција. Тој исто така ја поздрави решеноста и личната храброст на државниот правобранител.

publie le 23/04/2019

hautdepage