Културна соработка

Франција како туристичка дестинација на прво место во светот, настојува да ги искористи своите умеења за да го зголеми значењето на македонското културно наследство и да го промовира развитокот на туризмот. Во оваа земја којашто не излегува на море, алтернативниот туризам е единственото решение преку кое би можел трајно да се искористи овој економски ресурс и да се обезбеди профит. Во поглед на нејзиниот забележителен туристички потенцијал, земјата го привлекува вниманието на повеќе француски партнери во различни домени:

- Културен туризам
Уште од пред десетина години, француските културни асоцијации за заштита на културното наследство, како Националната асоцијација на земјите со богата историја и култура (Via-Patrimoine) од Ангулем, како и француските партнерства на единиците на локалната самоуправа, Епинал, Рубекс, Дижон си поставуваат за цел да ја истакнат историската вредност на оваа земја и подобро да ја запознаат нејзината култура од минатото и денес. Благодарение на промовирањето на локалните уметници при одржувањето на уметнички настани во повеќе градови, ова културно, традиционално и современо богатство, се повеќе се цени.

- Природен туризам
Најзастапен на Балканот е планинскиот релјеф. Како елемент кој ја прави препознетлива оваа територија, тој порано беше наменет само за околните селани и љубителите на планините. Од 2005 година, советот за регионот од Алпите (Hautes-Alpes) ги поддржува активностите на македонските професионални планинари со намера да им се овозможи на европските планинари пријатно и безбедно откривање на македонскиот планински предел.

- Солидарен туризам
Во 2007 година, Македонија ја поздрави поддршката од страна на регионот Долна-Нормандија во спроведувањето на тригодишната програма за подршка при децентарализацијата. Овој проект подразбира “ Солидарен туризам“ : вклучување на малите рурални средини во туризмот и помош при обновувањето на традиционалните градби.

- Обука за туристички занимања
Во странство Франција ја негува традицијата на поддржување при обуката на локалното население.
Туристичката активност, која ветува многу, не одстапува од правилото : покрај техничката обука од 2005 година наменета за планинските водачи, гимназијата за хотелиерство во Скопје ужива финасиска и техничка подршка од 2007 година, од страна на Меѓународната организација на Франкофонијата и Француската амбасада. Од друга страна пак Факултетот за туризам во Битола склучи партнерство со Универзитетот во Ница за да го претстават проектот предложен од европската програма ТЕМПУС, во април 2008.

Оваа земја како недоволно истражена дестинација во срцето на Балканот, му нуди на посетителот прилика за враќање кон изворното, извонредни природни убавини и автентични средби

publie le 11/11/2014

hautdepage