Куманово го прослави денот на Европа [fr] [sq]

Куманово во вторникот на 8 мај го прослави Денот на Европа во присуство на амбасадорите на Франција, Шпанија, Италија и Хрватска.

"Сакаме да испратиме заедничка порака за пријателство во присуство на четири амбасадори на земји членки на ЕУ. Куманово бил и секогаш ќе биде космополитски град и ние треба да градиме подобра иднина", рече градоначалникот на Куманово, г. Максим Димитриевски.

Амбасадорите учествуваа на неколку активности кои ги обединија младите од сите заедници (квизот за Европа, кореографиите, музичките изведби, штандовите посветени на различните земји на ЕУ) и семинар за европската интеграција што се пренесуваше на локалната телевизија. Во оваа прилика, амбасадорот истакна дека Европа почива врз заштитата на основните вредности и човековите права: "Владеењето на правото е основа за проширување на Европската унија и ние продолжуваме во таа насока. Пречките мора да се отстранат и владеењето на правото да се гради чекор по чекор до обединување на европскиот континент.

Ова е главната порака што се подготвува за Самитот во Софија: изградба на ефективен и прагматичен систем што ќе им овозможи на државите од овој регион да се приклучат кон европското семејство". Амбасадорите засадија дрвца како знак за надеж и мир во кумановската населба каде што во 2015 година се случија немилите настани.

publie le 11/05/2018

hautdepage