МАКЕДОНИЈА – 2 СЕПТЕМВРИ 2014 ГОДИНА [fr]

На втори септември 2014 година, се одржа состанок на Советот на директори на претпријатија Франција-Македонија со амбасадорот на Франција во Македонија, г-ѓа Лоренс Оер, г. Жан-Мари Деманг, шеф на регионалната економска служба во Софија и г. Бертран Миле, стручен експерт на вицепремиерот за евроинтеграции на Македонија.

На состанокот беа присутни петнаесетина претпријатија од разни сектори како: градежниот, инженерскиот, инфраструктурниот, транспортниот, енергетски сектор и секторот за животна средина, банкарскиот, телекомуникацискиот и одбранбниот сектор. Со средбата претседаваше г. Шарл Паради, претседател на Советот на директори на претпријатија Франција-Балкан од „МЕДЕФ Интернационал“ и генерален директор на одделот за концесии на „Буиг Конструксион“.

На оваа средба се направи биланс на :

-  внатрешната политичка ситуација по изборите од април 2014 година кога им се продолжи мандатот на претседателот Иванов и на премиерот Груевски;
-  економските и охрабрувачки перспективи за земјата;
-  проектите на компаниите, тешкотиите за нивното спроведување и општо за бизнис климата.
На крајот на средбата, компаниите можеа директно да зборуваат за нивните проекти со амбасадорот и советниците.

За членовите на „МЕДЕФ Интернационал“ ќе биде достапен синтетизиран извештај од средбата.

Контакт за Балкан : Богдан Гаден-Ферчак: bgadenne@medef.fr

Агендата на активностите на МЕДЕФ Интернационал во Евроазија можете да ја најдете на нашиот сајт

http://www.medefinternational.fr/MA...

publie le 20/02/2015

hautdepage