Македонија на министерската конференција на Меѓународната организација на Франкофонијата [fr] [sq]

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, учествуваше на министерската конференција на Меѓународната организација на Франкофонијата одржана во Ереван, Ерменија, на 8 и 9 октомври 2018 година.

Во таа пригода, тој изјави дека : „Како членка на франкофонското семејство, Македонија континуирано ги афирмира вредностите на своето општество: демократијата, мултиетничноста, толеранцијата и солидарноста”. Секретарот Димовски ја потврди улогата на земјата како активен член на оваа организација која е посветена на надминување на политичките и економските предизвици со кои се соочува современиот свет. На маргините на конференцијата, г-дин Димовски оствари билатерални средби со шефовите на француската, швајцарската, грчката и романската делегација.

publie le 12/10/2018

hautdepage