Македонскиот и бугарскиот премиер, Зоран Заев и Бојко Борисов, потпишаа договор за пријателство, добрососедство и соработка [fr] [sq]

Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка што во вторник 1 август го потпишаа премиерите на Поранешната Југословенска Република Македонија (ПЈРМ) и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов.

Таа се надева дека овој договор ќе овозможи Скопје и Софија да ги продлабочат својот дијалог и соработка, особено на политички, економски и културен план и дека ќе придонесе за зајакнување на стабилноста во регион на Балканот.

Франција потсетува дека добрососедските односи и регионалната соработка се основните елементи од процесот на европско приближување.

Тие придонесуваат за просперитет, стабилност, помирување и за создавање на погодна клима за решавање на билатералните спорови и проблеми наследени од минатото.

publie le 02/08/2017

hautdepage