« Медена земја » во Меѓународниот филмски фестивал во Нанси [fr] [sq]

Македонскиот документарен филм „Медена земја“, во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, ќе се прикажува во Франција на 6 и 7 септември на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси, на кој особено се прикажуваат филмски остварувања од регионот на Балканот.

„Медена земја“, победник на филмскиот фестивал „Санденс“ и на фестивалот „Македокс“ и номиниран за Оскар за најдобар странски документарен филм, со својот исклучителен квалитет зборува за животот на Хатиџе, пчеларка во едно мало македонско село, која се залага за разумно искористување на природните ресурси. Повеќе информации на : bit.ly/2lCwlBi

publie le 11/09/2019

hautdepage