Меѓународен настан организиран преку интернет од страна на организацијата „Crossborder factory“ [fr] [sq]

Организацијата „Crossborder factory“ ве поканува да учествувате на меѓународен настан организиран преку Интернет, на којшто ќе може да разменувате мислења за новите перспективи за развој на Европската унија по кризата предизвикана од „Ковид-19“. Ова ново искуство, поддржано од Северна Македонија, Србија, Хрватска, Франција, Германија, Косово, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора, ќе ви овозможи да разменувате идеи и да дадете свои предлози и проекти преку платформа подготвена во соработка со експерти од оваа област.

Резултатите ќе бидат прикажани во форма на интерактивна презентација на која ќе може и вие да учествувате. За да се вклучите во овој иновативен проект, сè што треба да направите е да испратите кратко видео преку кое ќе ги објасните своите мотиви. За повеќе информации, погледнете го видеото во прилог.
Re-boot Europe ! Conference on the future of Europe by young citizens - Applications OPEN >>> bit.ly/3dmjx7w

publie le 05/07/2020

hautdepage