Меѓународна конференција на тема „Транзиција на правните системи, 30 години по падот на Берлинскиот ѕид“ [fr] [sq]

Во петокот на 8 ноември, амбасадорот ја отвори на Правниот факултет „Јустинијан Први“, со ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, г. Никола Јанкуловски и амбасадорот на Германија, Н.Е. Томас Герберих, меѓународната конференција на тема „Транзиција на правните системи, 30 години по падот на Берлинскиот ѕид“, во присуство на деканот на Правниот факултет, г. Горан Коевски и професорите Отмар Сел од универзитетот „Париз Нантер“ и Томас Гигерих од Универзитетот во Сар, Германија.

Во таа пригода, тие зборуваа за значењето на барањето што го имаше народот за владеење на правото низ промените што се случуваа во 1989 година, како и за релевантноста на овој фундамент од европската конструкција наспроти популистичките или либералните скршнување, особено во поглед на ново проширување на Унијата.

publie le 22/11/2019

hautdepage