Меѓународниот ден на демократијата [fr] [sq]

Во понеделникот на 16 септември, амбасадорот учествуваше, заедно со директорот на Францускиот институт во Скопје, на Меѓународниот ден на демократијата, организиран од Собранието на Северна Македонија со фокус на учеството на младите во политичкиот и социјалниот живот.

Претседателот Талат Џафери го охрабри вклучувањето на младите во демократските процеси. Г-ѓа Ивана Туфегџиќ, координатор на парламентарниот клуб за младински политики и прашања, презентираше три примери на успешни активности: креаторите на апликацијата "Speak Out" којашто ќе им овозможи на младите да ги искажат своите мислења, активист од "Fridays for future" против глобалното затоплување и здружението „Крик“ за интеграција на младите со посебни потреби. Многу младински здруженија, присутни на настанот, беа во можност да испратат пораки до Владата, преку дебатата што следуваше и таблите поставени за таа намена.

publie le 20/09/2019

hautdepage